Бенјамин Шешко сака во Манчестер јунајтед – Њукасл нуди повеќе, но играчот си го кажал зборот

Трансферот на Бенјамин Шешко е на прагот на разрешување. Манчестер јунајтед и Њукасл доставиле официјални понуди за словенечкиот напаѓач, но самиот фудбалер веќе ја избрал својата дестинација – сака да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.

Шешко веќе ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и се согласил на договор до 2030 година. Сега одлуката е во рацете на РБ Лајпциг, клубот кој има последниот збор во однос на трансферот.

Иако понудата од Њукасл е финансиски поповолна – дури пет милиони евра повисока од онаа на Манчестер јунајтед – Лајпциг сè уште размислува како да постапи. Има две можни сценарија: или Манчестер ќе ја подобри понудата, или клубот ќе го продаде напаѓачот таму каде што ќе добие повеќе пари.

ИНТЕРЕСНО:  ЃОКОВИЌ НА УС ОПЕН: Еве кога излегува на терен и што го очекува!

Сепак, со оглед на тоа дека самиот играч сака трансфер во Манчестер, поголеми се шансите клубовите да постигнат договор и да се реализира трансферот што го посакува Шешко.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО