ФРАНЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Најголемиот шумски пожар во 70 години

Пекол во јужна Франција – огнот сè уште не е под контрола

Шумскиот пожар кој беснее во јужните делови на Франција зафатил над 16.000 хектари и е прогласен за најголемиот во земјата во последните седум децении. Иако огнената стихија изгубила на интензитет, француските власти соопштија дека таа и натаму не е ставена под контрола.

Во пожарот животот го загуби едно лице, а десетици домови и објекти се уништени. Катастрофата се случува во момент кога регионот се соочува со рекордна суша и силни ветрови, кои драматично го забрзаа ширењето на пламените јазици.

Климатска тревога: „Ова е резултат на глобалното затоплување“

Министерката за животна средина, Агнес Пание-Рунашер, изјави дека пожарот е последица на климатските промени и долготрајната суша во јужниот регион на Франција.

„Огнот сега се шири побавно благодарение на поладната ноќ, но ситуацијата е далеку од решена. Ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година.“

Пожарот зафатил област поголема од Париз

Францускиот премиер Франсоа Бајру го нарече пожарот „катастрофа од невидени размери“ и лично го посети регионот Од – каде што огнот уништил површина поголема од главниот град Париз.

ИНТЕРЕСНО:  Скандал во руската армија: Елитни војници си пукале сами за да земат по 37.000 долари!

Воени единици, пожарникари и доброволци се мобилизирани, а се спроведува и истрага за причините за избувнување на пожарот.

Макрон апелира: „Бидете внимателни – секој погрешен чекор може да предизвика трагедија“

Претседателот Емануел Макрон изјави дека се активирани сите достапни државни ресурси и упати јасен апел до граѓаните и туристите:

„Бидете претпазливи. Не е време за невнимателност – дури и мала искра може да предизвика нова трагедија.“


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО