ЕУ воведува EES и ETIAS – повисоки такси и нови услови за патување

Европската унија ја започнува имплементацијата на Европскиот систем за влез и излез (EES) – дигитален механизам за евиденција на патници од трети земји. Ова е подготовка за стартот на Европскиот систем за патнички информации и одобрување (ETIAS), кој, според најновите информации, ќе почне да важи во последниот квартал од 2026 година.

ETIAS – онлајн дозвола за патување

Од 2026 г., сите државјани на трети земји кои имаат безвизни релации со ЕУ ќе мора:

  • да поднесат онлајн апликација,

  • да платат такса од 20 евра (повисока од претходно најавените 7 евра),

  • да добијат одобрение кое ќе важи три години.

ИНТЕРЕСНО:  Изненадувачки потег: Маск ја стопира „Американската партија“

Потребни документи и услови за апликација:

  • важечки пасош (не постар од 10 години и со важност најмалку уште 3 месеци),

  • платежна картичка,

  • лични податоци.

Пасошите кои не ги исполнуваат меѓународните стандарди можат да бидат одбиени.

EES – нов систем за контрола на границите

EES ќе се воведува постепено во рок од 6 месеци на надворешните граници на 29 европски земји. Системот ќе собира:

  • биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прсти).

Патници кои одбијат да ги дадат овие податоци нема да можат да влезат во земјите што го користат EES.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО