Љубојно под вода: Град и поплави го разурнаа селото

Силно невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Делови од куќи, дворови и улици се под вода, а земјениот пат кон шумата е сериозно оштетен.

Жителите сведочат дека дождот траел околу 40 минути – половина час со силни врнежи, а околу 20 минути со големи зрна град. Водата го раскопала патот кој, како што велат, веќе бил оштетен од камионите што превезуваат дрва.

„Денес и природата си го кажа своето – шумата е нашиот најсилен штит. Таа го спаси Љубојно. Ако не се преиспитаат одлуките, утре може да биде доцна – за нас, за Преспа, за Македонија“, напишаа мештаните на социјалните мрежи.

ИНТЕРЕСНО:  ЗНАМ со тешки обвинувања: „Куманово претворено во приватна мафија – фамилија и пријатели на Костоски на буџетска плата!“

Жителите веќе седум дена протестираат против сечата кај манастирот над селото. Тие предупредуваат дека токму шумата го брани селото и Преспа од поплави и ерозии, и дека без неа последиците од вакви невремиња ќе бидат уште пострашни.

Владата, пак, возврати дека се работи за регуларна сеча на нискостеблен даб во одделите 29 и 30 на шумско-стопанската единица „Пелистер – Брајчино“.

„Дабот има сечна зрелост согласно сите научни принципи. Оваа сеча е една од стотиците во Македонија, спроведена по закон и со целосна контрола“, соопштија од Владата.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО