ШОКАНТНА КОЛУМНА НА КИМ МЕХМЕТИ: „Македонските елити се србизирани Бугари и асимилирани Албанци!“

Македонија – држава на нејаснотии и лаги

Ким Мехмети без влакна на јазик: Република Северна Македонија е „татковина на нејаснотии, лаги и чуда“, земја во која никој не знае колкав е вистинскиот број на Албанците, ниту кои навистина се Македонците.

„Албанците велат дека се над 40 проценти, ама според политичката моќ изгледаат како да се помалку и од Ромите. Македонците, пак, не знаат дали се потомци на Словените или внуци на Александар Велики“, вели Мехмети.

„Љубов“ пред камери, омраза зад затворени врати

Мехмети жестоко ги обвинува и Албанците и Македонците за дволичност. „Албанците пред камери велат дека ја сакаат оваа земја, а во песните и одаите пеат дека не можеш да ја сакаш државата што секои 4 години те враќа назад. Македонците јавно зборуваат за еднаквост, а во приватни разговори велат: ‘Чуму ти е држава со Албанци, освен ако се дрвосекачи и овчари’“.

ИНТЕРЕСНО:  Продавал билети за лажен концерт – скопјанец пријавен за компјутерска измама

Што кријат македонските елити?

Според Мехмети, токму „елитите“ се најголемиот проблем: „Тие се составени од србизирани Бугари и асимилирани Албанци, кои за да ја сокријат својата вистинска етничка припадност, се покриваат со жестока омраза кон Бугарите и Албанците“.

Македонија – држава што никогаш нема да стане држава?

„Како татковина на нејаснотии, лаги и чуда, Северна Македонија најмалку наликува на држава. Тешко дека некогаш ќе стане вистинска држава во која никој нема да има потреба да се лаже себе си и тие со кои живее“, заклучува Ким Мехмети.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО