Шок за Македонците: Банкротираше „Лајонес“ – неизвесна иднината на „Лајконет“!

MyWorld во стечај

Австриската компанија MyWorld International AG, наследник на „Лајонес“ и позната по кешбек платформата, е во стечај. Со тоа неизвесна станува и иднината на „Лајконет“, мрежно-маркетинг фирмата што има единствен клиент – токму MyWorld.


Македонската подружница засега функционира

„MyWorld Македонија“, каде управител е Радован Витошевиќ, продолжува да работи, иако матичната компанија пропадна. Минатите години фирмата бележела приходи од над 3 милиони евра, но со минимална добивка – последната достапна бројка е само 45 илјади евра со осум вработени.


Што вели Зоран Витанов?

Зоран Витанов, претставник и акционер во „Лајконет Аустриа ГмбХ“, ја потврди информацијата за стечајот, но истакна дека кешбек услугата сè уште функционира.
„Лајконет е маркетинг агенција со еден единствен клиент – myWorld. Додека трае стечајот, автоматски престанува и работењето на Лајконет,“ изјави Витанов за Фактор.

ИНТЕРЕСНО:  „Лозарите предадени“ – Велевски обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави без цена и поддршка

Австриски милионер зад системот

Сопственик на MyWorld и Лајконет е Австриецот Хуберт Фрајдл, чие богатство се проценува на 500 милиони долари. Неговите компании со години беа предмет на контроверзии и истраги, а сега целата мрежа е пред голем колапс.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО