Вонредно метео предупредување
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за невреме што ќе го зафати поголемиот дел од земјата. Очекувајте пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално појава на град.
Денес – први знаци на нестабилност
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне на повеќе места ќе се појават врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално е можен и посилен ветар.
Утре – невреме на повеќе места
Според прогнозата, утрешниот ден ќе биде уште понестабилен. На повеќе локации се очекуваат:
-
пороен дожд над 15 литри на метар квадратен,
-
силни електрични празнења,
-
засилен ветер,
-
изолирана појава на град.
Од вторник – стабилизација
Од вторник времето ќе се смири и ќе преовладува претежно стабилна состојба, со постепен пораст на дневните температури.
Скопје под удар на невремето
Во главниот град, утре попладне ќе има пороен дожд и грмежи. Во делови од скопската котлина се очекува и краткотрајно невреме со силен ветер и можна појава на град.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).