Дојава од Германија
Германската полиција спровела истрага за сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со детска порнографија, по што открила профил на Telegram поврзан со телефонски број и IP адреса од Македонија.
Акција на МВР
Секторот за компјутерски криминал при МВР веднаш презел мерки и докази. На 20 август, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на осомничениот Ф.М. (27) од Скопје.
Што е пронајдено
При претресот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, а Ф.М. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба. Случајот е под надзор на Јавното обвинителство Скопје.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).