Трагедија во Виница: пожарот во „Макпрогрес“ ја уништи фабриката „Винчини“ – што следува?

Фабриката „Винчини“ на „Макпрогрес“ во Виница стана главна тема во јавноста и на социјалните мрежи поради големиот пожар што ја зафати. Целосно изгоре еден производствен погон со три линии за работа и два магацини, а неколку пожарникари и вработени завршија во болница.

Во компанијата работат околу 600 луѓе, главно од Виница. Менаџментот најави дека ќе се обидат што побрзо да ја обноват фабриката, иако тоа ќе бара време, и порачаа дека целта е да се задржат сите вработени. Дополнително, најавено е намалување на цените на дел од производите за да се стимулира поголема продажба.

Официјални информации за причините на пожарот засега нема, а истрагата ја води Основното јавно обвинителство Кочани.

Во меѓувреме, социјалните мрежи се преполни со апели за поддршка на „Макпрогрес“, со предлози граѓаните да купуваат повеќе од нивните производи, а се бара и државата да помогне со мерки за побрзо закрепнување на компанијата и зачувување на работните места.

Која е “Макпрогрес

Компанијата „Макпрогрес“, основана во 1990 година, денес е еден од лидерите во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Дури 75% од нејзиното производство оди за извоз, а производите се пласираат во над 60 земји ширум светот, што ја прави најголем извозник на кондиторски производи од земјава.

ИНТЕРЕСНО:  Пензионер од Стојаково фатен со 56 стебла „трева“

Под брендот на компанијата се вбројуваат повеќе препознатливи имиња: „Винчини“ (кондиторско-пекарски производи), „Сончевa долина“ (ориз, грав, пченка од Кочанско-Виничкиот регион), „Натура“ (здрава храна), „Дониа“ (алва и локум) и „Фантазија“ (десертни прашоци).

Основната дејност на „Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи и преработка на земјоделски зрнести култури. Денес компанијата нуди повеќе од 300 различни производи, што ја прави еден од најбогатите производители во регионот.

Она што ја издвојува е тоа што е една од ретките македонски компании со имплементирани бројни системи за квалитет. Фабриката располага со HACCP сертификат за безбедност на храна, ISO 9001:2008, Халал сертификат, како и Кошер стандард, што отвора врати за извоз на повеќе меѓународни пазари. Дополнително, фирмата е сертифицирана и со EMAS – еколошки стандард.

Зад оваа успешна приказна стојат основачот Александар Цветанов и генерален директор Глигор Цветанов.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО