СКАНДАЛ НА АРЕНАТА: Скандалозни извици „Илирида“ и „Голема Албанија“ од навивачите на Шкендија – МВР најавува санкции

Навивачката група на Шкендија повторно беше во центарот на вниманието поради нови националистички испади. Синоќа, за време на натпреварот против Карабах на Националната арена во Скопје, дел од присутните на трибините повеќепати скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“, и покрај претходните апели за фер и спортско однесување.

Случувањата доаѓаат во време кога Министерството за внатрешни работи најави решителна борба против секој националистички испад на спортските настани, потсетувајќи на својата реакција при неодамнешниот кошаркарски натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Инцидентот е уште еден во низата испади од оваа навивачка група. Пред неколку месеци, навивачите на Шкендија предизвикаа јавна осуда кога за време на едноминутен молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани свиркаа и скандираа во поддршка на УЧК.

ИНТЕРЕСНО:  Трагедија во Гевгелија: Двајца мажи на иста возраст пронајдени мртви во еден ден

Она што ја зголемува контроверзноста на синоќешниот натпревар е и присуството на значајни политички фигури на трибините. Сопственикот на клубот и бизнисмен од „Еколог“, Назиф Дестани, натпреварот го следеше во друштво на Али Ахмети и Арбен Таравари од една, и Ијет Меџити и Африм Гаши од друга страна. Ден претходно, Дестани јавно повика на навивање без навреди и национализам.

Натпреварот заврши со пораз на Шкендија од 1:0, но спортскиот резултат остана во сенка на недоличното однесување на трибините.

Сега останува да се види дали најавените мерки од страна на МВР ќе се спроведат и дали клубот ќе се соочи со казни поради повторените инциденти на своите поддржувачи.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО