На 7 август, пред угостителски објект во Виница, вербална расправија завршила со крвав инцидент – 32-годишниот Н.В. од Виница со нож му нанел четири убодни рани на свој сограѓанин, Д.С.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по нападот, осомничениот веднаш се дал во бегство. Инцидентот се случил по вербална расправија меѓу двајцата, а мотивите засега не се целосно познати.
По интензивна полициска потрага и оперативни сознанија, Н.В. бил уапсен синоќа околу 21:15 часот во Кочани.
За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).