ВМРО-ДПМНЕ – Харикири пресовите на СДС се одраз на нивната безидејност и насоченоста да си го штитат криминалот и одвлекуваат внимание, Министерството за спорт не ја најмило фирмата туку МОК

ПРЕС-ЦЕНТАР на ВМРО-ДПМНЕ

Жалиме што СДС пушта низ вода кадри кои излегуваат на пресови како политички камикази.

Очигледно Спасов, кој го води пи-арот на СДС, потребно е да добие отказ после ваквите катастрофални утки.

Споменатата агенција, ,,Идеа лаб“, не е ангажирана од Министерството за спорт туку од Македонскиот олимписки комитет, кој нема допирна точка со Владата. Од друга страна  ,,Идеа лаб“, како агенција имала соработка со институции и под контрола на владите на СДС, како што е ,,Преспа форум“, и во периоди кога Владата ја воделе други партии.

ИНТЕРЕСНО:  Али Ахмети со голем пресврт – Европскиот фронт станува „Национална алијанса за интеграција“!

За разлика од агенцијата ,,Рејтинг“ на Никола Спасов, која го води пи-арот на СДС, и исклучиво работи кога СДС е на власт, со владините институции. 

Ваквите харикири пресови на СДС се одраз на тоталната безидејност и нивната насочесност да си го штитат криминалот и одвлекуваат вниманието.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО