ВМРО-ДПМНЕ со историски успех: Земјава надмина 100 држави во светската инвестициска трка

Економските мерки и политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носат конкретни резултати – Македонија е рангирана на шестото место во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП, покажува најновиот извештај Greenfield FDI Performance Index за 2025 година на „ФДИ интелиџенс“, истражувачкиот оддел на „Фајненшл Тајмс“.

Во анализата се рангирани 105 земји, а Македонија, со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари, е наведена како пример за мала држава од Западен Балкан која ги надминува сопствените капацитети во привлекувањето на странски директни инвестиции.

Во извештајот се потенцира дека токму во 2024 година биле реализирани големи инвестиции во енергетскиот сектор, што дополнително ќе го зголеми инвестицискиот потенцијал на земјава во наредните години.

ИНТЕРЕСНО:  „Визер“ со нова рута од Скопје – евтини летови до Келн

Владата го истакнува ова како потврда дека политиките за стабилност, предвидливост и добри услови за бизнис ја позиционираат Македонија како една од најпосакуваните дестинации за инвеститори. Дополнително, минатата година беше забележано историски највисоко ниво на странски инвестиции од независноста – над 1,25 милијарди евра директни вложувања.

Според Владата, овој тренд е доказ за исправноста на мерките и за правилната економска стратегија. ВМРО-ДПМНЕ најавува продолжување на политиките со цел економијата да расте и Македонија да стане лидер во регионот по странски инвестиции по глава на жител.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО