Франција испрати порака до Балканот – дали се подготвува нешто поголемо?

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што биле разгледани повеќе теми поврзани со односите меѓу Србија и Франција, како и актуелната состојба на Западен Балкан.

Макрон изразил јасна поддршка за европската перспектива на Србија, нагласувајќи дека тоа е вистинскиот пат за земјата и повикувајќи на продолжување на реформите и приближување кон ЕУ преку дијалог.

Францускиот претседател посочил и дека биле постигнати договори за дополнително зајакнување на билатералната соработка меѓу Белград и Париз.

ИНТЕРЕСНО:  Српските војници ќе вежбаат со Кина

Во разговорот, Макрон ја нагласил важноста на стабилноста и единството на Босна и Херцеговина, како и почитувањето на владеењето на правото во регионот.

Посебен акцент бил ставен на дијалогот меѓу Србија и Косово. Макрон истакнал дека Франција остро се противи на какви било еднострани потези што би можеле да го нарушат овој процес.

На крај, тој порача дека иднината на Европа е тесно поврзана со земјите од Западен Балкан, потенцирајќи ја потребата од заедничка визија, солидарност и одговорност.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО