Србија алармира: Воените сојузи на Балканот ја загрозуваат стабилноста


Српското Министерство за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи изјавите и намерите на одредени регионални претставници во врска со потпишувањето и проширувањето на билатерални договори за воена соработка, предупредувајќи дека ваквите чекори може да произведат нови тензии на Балканот, пренесе српскиот официоз „Политика“.

„Србија потсетува дека целиот Балкански Полуостров останува чувствителна постконфликтна зона, каде што зачувувањето на мирот и стабилноста е од суштинско значење и за државите од регионот и за Европа во целина“, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи потенцира дека секоја недоволно транспарентна постапка што може да се толкува како создавање воени блокови или сојузи насочени против трети страни само ги продлабочува поделбите и ја поткопува довербата. „Недостигот од транспарентност и отсуството на нормални консултации околу ваквите договори создаваат атмосфера на недоверба, што е спротивно на европските вредности на дијалог, предвидливост и заемна почит“, се подвлекува во позицијата.

ИНТЕРЕСНО:  ТРАГЕДИЈА НА ПЛАЖА ВО ДРАЧ: Македонец (41) од Тетово пoчина пред семејството

Белград укажува и на фактот дека некои од државите што склучуваат вакви аранжмани веќе се членки на НАТО, што „отвора прашања за вистинските мотиви и политичката симболика“ на овие иницијативи. „Не ги разбираме ниту причините за исклучувањето на одредени држави од ваквите форми на соработка“, додава министерството.

Како „правилен пат за зајакнување на довербата и соработката во регионот“ Србија предлага инвестиции во механизми за заеднички обуки, цивилна заштита и координиран одговор при вонредни ситуации – како поплави, пожари и земјотреси – што би донеле конкретни придобивки за сите граѓани.

„Србија останува цврсто посветена на мирот, стабилноста и соработката во регионот и очекува сите партнери да постапуваат одговорно во овој дух, почитувајќи ги легитимните интереси на сите страни“, се вели уште во соопштението.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО