Вучиќ најави ценовен шок: Храна и пијалоци поевтинуваат за 20% – трговците во паника

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на Пинк ТВ најави дека владата подготвува нови економски мерки што ќе донесат драстично намалување на цените во прехранбениот сектор.

Вучиќ откри дека заедно со своите колеги работеле на план кој ќе биде претставен во наредните денови, а се заснова на модели од Унгарија, Романија и Македонија. Целта е да се намалат маржите на трговците, кои според него во моментов изнесуваат од 35 до 42 проценти, што е двојно повеќе од оние на големите европски синџири.

„Во Србија, храната и безалкохолните пијалоци се на 95% од просечните цени во ЕУ, но платите не се на европско ниво. Не е фер трговците да се премногу богати додека народот плаќа скапо“, рече Вучиќ, посочувајќи дека цената на гасот и струјата е пониска, но тоа не се одразува на цените во маркетите.

ИНТЕРЕСНО:  Додик без мандат: ЦИК му ја одзеде функцијата, следуваат избори и политичка турбуленција во РС

Според планот, ќе се воведе ограничување на маржата за десетици групи производи, а очекувањето е цените во Србија да паднат за 15 до 20 проценти. „Нека падне на ниво од 20% и ќе успееме“, порача Вучиќ.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО