Закана за експлозивна направа во авион – сообраќајот на Скопскиот аеродром стопиран со часови

Рано утринава, на 16 август 2025 година, околу 2:50 часот, во Единицата за информирање и командување при МВР пристигнала дојава за поставена експлозивна направа во воздухоплов на Меѓународниот аеродром Скопје. Веднаш биле активирани сите планови за постапување во вакви случаи, а аеродромските служби и институциите на МВР реагирале по протокол. Екипи на полицијата, во координација со обезбедувањето на ТАВ Македонија, извршиле детални проверки и утврдиле дека станува збор за лажна закана.

Иако нема откажани летови, сообраќајот на аеродромот бил привремено прекинат до 6:00 часот, кога МВР соопштило дека е безбедно редовните операции да продолжат.

ИНТЕРЕСНО:  ВМРО-ДПМНЕ - Филипче јавно да се откаже од Заев ако заедно не стојат зад неговиот возач уапсен за подметнување пожар во струмичко

Случајот отвора прашања за безбедносните предизвици и злоупотребите на лажни дојави кои ја нарушуваат нормалната работа на аеродромот и предизвикуваат паника кај патниците.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО