Жена од Војшанци по која се трагаше 10 дена се јави: „Жива сум, не сум киднапирана – избегав поради семејно насилство“

Жена која се претставила како В.А. (56) од селото Војшанци, општина Неготино, по која полицијата трага од 28 јули, се обратила до редакцијата на „Вики Медиа“ со објаснување дека е жива, здрава и дека никогаш не била киднапирана, туку сама го напуштила својот дом поради долгогодишно семејно насилство.

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив“, изјавила таа, нагласувајќи дека пред заминувањето му оставила писмо на сопругот со точна информација каде ќе оди. Според неа, не е јасно зошто сопругот ја пријавил како исчезната во полицијата.

В.А. објаснила дека причината за заминувањето е континуирано семејно насилство – навреди и притисоци кои, како што вели, повеќе не можела да ги издржи. „Никој од убаво не бега… Се преселив во Неготино, нема зошто да се кријам, сакам и медиумите и институциите да знаат дека сум добро,“ додала таа.

ИНТЕРЕСНО:  Огнена закана ја зафати Македонија – затворени патишта, десетици пожари беснеат низ земјата!

Новинарите ѝ укажале дека е потребно и формално да го извести Одделот за внатрешни работи (ОВР) во Неготино, бидејќи официјално сè уште е заведена како исчезната и се спроведуваат мерки за нејзино пронаоѓање. В.А. одговорила дека ќе се јави во полициската станица и ќе даде изјава.

Од СВР Велес потврдиле дека на 28 јули околу 03:00 часот, сопругот на В.А. пријавил нејзино исчезнување. Веднаш биле преземени мерки за нејзино пронаоѓање, а десетина дена подоцна, во одговор до „Вики Медиа“, од полицијата рекле дека потрагата е сè уште во тек и дека нови информации ќе бидат соопштени штом ги добијат.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО