Ахмети со жестока порака на годишнината од Охридскиот договор: „Денес или никогаш – да ја зачуваме заедничката држава!“

На одбележувањето на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потсети на историскиот момент кога Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија, со поддршка и гаранција од САД и Европската Унија.

Ахмети истакна дека промените кои произлегоа од договорот биле темелни – измена на Уставот, официјална употреба на албанскиот јазик, признавање на националните симболи, отворање на универзитети, училишта, болници, како и значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8. Во изминатите години, Албанците, според него, ја презеле одговорноста во сите државни институции, вклучително и на чело на Собранието, министерствата, па и позицијата на првиот албански премиер.

ИНТЕРЕСНО:  „Не е само неправда – тоа е срам за демократијата“: Стерјовски со остри критики до Брисел

„Сите овие достигнувања не беа победа на една заедница над друга, туку заедничка победа на државата. Тоа е темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на Македонија. Затоа ревизија на овие резултати не е дозволена, особено за нас кои сме потписници и реализатори на Охридскиот договор“, рече Ахмети.

Тој предупреди дека политиката мора да се води со државничка одговорност и без краткорочни популистички калкулации.

„Да се собереме сите, млади и стари, мажи и жени – четврт век по договорот да застанеме исправени и горди, а не наведнати и потценети. Денес или никогаш!“, порача Ахмети со апел за национално достоинство и единство.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО