За 14 месеци земјоделците добиле над 11 милијарди денари помош!

Во период од само 14 месеци, земјоделците во Македонија добиле повеќе од 11 милијарди денари во форма на финансиска поддршка, субвенции и директни плаќања, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое беше објавено интегрално од МИА.

Од партијата потенцираат дека во изминатата година успеале да реализираат проекти и мерки кои, според нив, биле целосно заборавени за време на владеењето на СДСМ во последните седум години.

Како конкретни резултати, се истакнува рекордниот откуп на сортите грозје смедеревка и вранец, што донело значителна корист за лозарите. Одгледувачите на јаболка добиле 100 милиони денари субвенции, а тутунарите биле поддржани со 500 денари за секој килограм предаден тутун. Дополнително, биле обезбедени средства за здруженија кои работат на промоција на настани и саеми посветени на македонските производи, како и инвестиции во научно-образовни институции.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вложувањата во земјоделството веќе даваат видливи резултати. Во првиот квартал од 2025 година е забележан раст на извозот за 5% во однос на истиот период во 2024 година, а истовремено има пораст на откупот и продажбата на земјоделските производи. Ако се споредат првите пет месеци од 2024 и 2025 година, извозот се зголемил за над 50%, што во финансиски износ изнесува околу 57 милиони евра – бројка што партијата ја оценува како сериозен успех.

ИНТЕРЕСНО:  ВМРО-ДПМНЕ со историски успех: Земјава надмина 100 држави во светската инвестициска трка

Покрај тоа, започна и кампањата „МакедонскоНајдобро: Наша традиција, наша гордост“, чија цел е да се засили и заштити домашното земјоделско производство, да се подобри животот во руралните средини и да се подигне свеста кај потрошувачите за квалитетот, автентичноста и значењето на македонските производи и нивните преработки. Кампањата, според иницијаторите, треба да овозможи полесен пристап на граѓаните до домашната храна и да ја зголеми конкурентноста на земјоделските производи.

ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение заклучува дека земјоделството е стратешка и клучна гранка за Македонија и дека се поставени цврсти темели за негов развој врз принципи на квалитет и здраво производство.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО