Сменет директор на Неврологија – еве кој го наследи Фатмир Меџити

Разрешување и ново именување

Фатмир Меџити е разрешен од функцијата директор на Универзитетската клиника за неврологија, потврдија од Министерството за здравство. На негово место е назначен проф. д-р Игор Кузмановски.

Кој е новиот директор?

Кузмановски е роден во 1972 година во Скопје и од 1996 година работи на Клиниката за неврологија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје со просек 9,12, специјализирал неврологија во 2002 година, а докторирал во 2016. Тој е актуелен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Промени и во Кардиологија

Промени има и на Универзитетската клиника за кардиологија, каде што нов директор е д-р Даница Петкоска Спирова. Таа е субспецијалист кардиолог со експертиза во напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

ИНТЕРЕСНО:  Македонија влегува во изборна трка со речиси 10 милиони евра буџет

Петкоска Спирова дипломирала во 2007 година на Медицинскиот факултет во Скопје, а докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест. Работи на Клиниката за кардиологија од 2011 година и има бројни научни трудови во списанија со висок импакт фактор, како и учества во меѓународни студии.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО