Општина Солун со нова казнена мерка против непрописно паркирање
Градските власти во Солун започнуваат ригорозна акција против возачите што паркираат каде не треба – со воведување блокатори на тркалата. Мерката важи без исклучок, вклучувајќи ги и туристите, меѓу кои има сè повеќе македонски граѓани кои го посетуваат градот за шопинг и прошетка.
Каде ќе ви стават блокатор?
Блокатори ќе се поставуваат на:
-
места резервирани за локални жители,
-
рампи за лица со попреченост,
-
зони за товарење и истовар.
Станува збор за критични точки каде секое непрописно возило сериозно го попречува сообраќајот и пристапот.
„Имавме случаи кога странци намерно ги вадеа регистарските таблички за да избегнат казна – ова повеќе нема да поминува“, предупредуваат од Општина Солун.
Како да реагирате ако ве блокираат?
Ако забележите дека возилото ви е блокирано и не може да се помести, веднаш јавете се на општинската полиција на број:
📞 +30 2313 317930
Потоа, ќе мора да ја платите казната – само тогаш службите ќе го отстранат блокаторот.
Циапакидис: „Нема повеќе бегање од казна“
Заменик-градоначалникот задолжен за општинската полиција, Костас Циапакидис, објасни:
„Многу туристи ја кинеа казната и си заминуваа дома како ништо да не било. Сега, без уплата, автомобилот останува заклучен. Имавме возила оставени на забрането по 15 дена!“
Мерката важи до крајот на септември – ќе има и засилени контроли
Новата казнена политика ќе се спроведува барем до крајот на туристичката сезона, а контролите ќе се зголемат во зони каде најмногу се движат туристи од Македонија – околината на трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“, централната пешачка зона, плоштадот и крајбрежната променада.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).