ВМРО-ДПМНЕ повторно бара оставка од Коцевски: „Нема кредибилитет, а СДС го брани“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, повторно упати повик до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да поднесе оставка, откако во Собранието беше изгласана недоверба кон него.

Петрушевски оцени дека Коцевски одамна го изгубил довербата кај граѓаните, а со поддршката што ја добил од СДСМ, според него, му бил уништен и последниот остаток од кредибилитетот.

„Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал,“ изјави Петрушевски.

ИНТЕРЕСНО:  УЖАС во Скопје: 27-годишен фатен со детска порнографија – падна по дојава од Германија!

Тој додаде дека со тоа СДСМ „го разголи главниот обвинител Коцевски“, бидејќи сега е „совршено јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се“.

„Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и самиот ќе поднесеше оставка“, заклучи Петрушевски.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО