ТДП го напушта „Европски фронт“ на Али Ахмети
Турската демократска партија (ТДП) излегува од коалицијата „Европски фронт“, предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), потврди нејзиниот лидер Зулфиќар Зејнула.
Во изјава за „Тајм Балкан“, Зејнула истакна дека одлуката била донесена поради променети политички услови и сè поостриот речник меѓу најголемите етнички блокови во земјава.
Фокус на турската заедница
„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес,“ изјави Зејнула, најавувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.
Пратеникот останува кај Ахмети – засега
Иако партијата ја напушта коалицијата, нејзиниот единствен пратеник во Собранието, Бејџан Илијаз, сè уште формално делува како дел од пратеничката група на „Европскиот фронт“. Засега нема информација дали и кога ќе се формализира неговото отцепување.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).