Нетанјаху до Британија: Признавањето на Палестина е „награда за тероризмот“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху жестоко реагираше на најавата на британскиот премиер Кир Стармер за можноста Велика Британија да ја признае палестинската држава, оценувајќи дека тоа би значело поддршка за „монструозниот тероризам на Хамас“.

„Џихадистичка држава денес на границата со Израел – утре закана за Британија. Помирувањето со терористите никогаш не успева,“ напиша Нетанјаху на мрежата Икс (поранешен Твитер), пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелското Министерство за надворешни работи исто така ја осуди позицијата на британскиот премиер, обвинувајќи ја новата влада во Лондон за попуштање пред домашен политички притисок и следење на примерот на Франција.

ИНТЕРЕСНО:  Трамп до Зеленски: „Направи договор со Путин – времето истекува!

Во официјалното соопштение од Тел Авив се наведува дека ставот на Британија го поткопува процесот за прекин на огнот во Газа и ги компромитира напорите за ослободување на заложниците. Израел ја повика Лондонската влада да се придржува до досегашната политика и да не презема чекори што би можеле да се толкуваат како легитимирање на Хамас.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО