Арсенал „полуде“ по Ѓокереш – Дресот со број 14 руши рекорди уште пред дебито!

Арсенал доби ново фудбалско оружје, а навивачите веќе се во транс! Новиот шведски напаѓач Виктор Ѓокереш, кој пристигна од Спортинг за 63.5 милиони евра, уште пред да го одигра првиот меч веќе испиша историја – неговиот дрес со легендарниот број 14 стана најпродаван во историјата на клубот!

Промоцијата што ја објави Арсенал – бесплатно печатење на името „Gjokeres“ (што обично чини 16 фунти) – ја подигна еуфоријата до максимум. Резултатот? Веб-страницата на клубот колабираше од премногу нарачки.

Изборот на број 14 не е случаен – тоа е бројот што го носеше легендата Тиери Анри. Иако Ѓокереш преферира „деветка“, таа веќе е во сопственост на Габриел Жесус.

ИНТЕРЕСНО:  МБАПЕ ГО ДОБИ СВЕТИОТ ДРЕС ВО РЕАЛ – Бројот 10 конечно има нов крал!

Тренерот Микел Артета не крие дека клубот долго барал класичен голгетер, а со Ѓокереш надежите експлодираа. Само во првите денови, продажбата на дресови со неговото име ги надмина и оние на Сака, Рајс и Одегард.

Феноменот Ѓокереш веќе е во центарот на вниманието – беше пречекан со овации од фановите во Сингапур, а следниот тест за него и Арсенал е дербито со Тотенхем во Хонгконг на 31 јули.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО