Димитриевски откри: ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ со заеднички кандидати за Куманово и Центар!?

Куманово / Скопје – Иако официјалната потврда сè уште се чека, лидерот на движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вечерва во гостување на ТВ Сител потврди дека разговорите со ВМРО-ДПМНЕ се во напредна фаза и веќе е „извесно“ дека ќе добијат поддршка уште во првиот изборен круг – и во Куманово, и во скопската општина Центар.

Според него, иако формално постапката за негова повторна кандидатура во Куманово не е завршена, одлуката е речиси дефинирана. За Центар, пак, се тестираат неколку имиња преку анкети, а едно од нив е актуелниот заменик-министер за енергетика, Мирослав Лабудовиќ.

„Мерењата ќе покажат кој е најпосакуван за граѓаните. Господинот Лабудовиќ е едно од имињата во оптек, а поддршката од нашите партнери – ВМРО-ДПМНЕ – очекуваме да биде реципрочна, и во Центар, и на ниво на Град Скопје, како и во општини каде што ЗНАМ нема да има свои кандидати“, изјави Димитриевски.

ИНТЕРЕСНО:  УХМР алармира: Стигнува невреме со дожд, громови и град!

На прашање дали очекува поддршка од албанската коалиција ВРЕДИ во Куманово, тој одговори дека досега немало директни разговори, но постои простор за тоа. Во моментов, фокусот останува на договорот со ВМРО-ДПМНЕ, за кој вели дека е „веќе дефиниран“.

И премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека преговорите со ЗНАМ се активни и дека веќе се разговара за заеднички кандидати, особено за клучните урбани центри. Според него, повеќе детали ќе бидат објавени кон втората половина на август.

Димитриевски најави и дека коалицијата ЗНАМ ќе има свои кандидати дури и во општини каде што владеат градоначалници од опозицијата, што укажува на сериозна амбиција за поширока територијална покриеност и потенцијални нови сојузи на локално ниво.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО