Историска пресуда: бившиот претседател на Бразил доби 27 години робија

Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години затвор поради организирање заговор за државен удар. Пресудата, која веќе предизвика огромни поделби во бразилското општество, може да значи дека 70-годишниот десничарски лидер ќе го помине остатокот од животот зад решетки.

Судиите гласаа со резултат 4-1 за осудителна пресуда, со која Болсонаро е прогласен виновен за обид да го собори актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, против кого изгуби на изборите во октомври 2022 година. Според обвинението, тој заедно со блиски соработници – поранешни министри и високи воени функционери – формирал вооружена криминална група чија цел била насилно преземање на власта.

Иако веќе на четвртото гласање судот обезбеди потребно мнозинство за осуда, конечната одлука беше потврдена кога и петтиот судија, Кристијано Занин – инаку поранешен адвокат на Лула – јавно го изнесе својот став.

ИНТЕРЕСНО:  Зеленски удри по Москва: „Без трилатерална средба – следува бран нови санкции!

Меѓу осудените се и седум блиски соработници на Болсонаро, што дополнително ја потврдува сериозноста на случајот. Самиот поранешен претседател, кој од 2019 до 2022 ја водеше Бразил, тврди дека станува жртва на „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Пресудата предизвика и силни меѓународни реакции. Вашингтон остро реагираше – државниот секретар Марко Рубио оцени дека се работи за „политички мотивирано гонење“ и најави дека САД „ќе одговорат соодветно“. Доналд Трамп, кој важи за близок пријател на Болсонаро и кој често го нарекуваа „Трамп на тропиците“, исто така застана во негова одбрана, нарекувајќи го „добар човек“ и споредувајќи ја пресудата со „обидите за политички прогон“ против него во САД.

Болсонаро и натаму инсистира дека е невин, но со оваа пресуда неговата политичка кариера, како и личната слобода, се доведени во сериозен ризик.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО