Хрватска ги става дивоградбите под кривичен законик – затвор за нелегално градење

Хрватска влегува во најголемите законски промени во областа на градежништвото и просторното планирање во последната деценија. Владата најави дека секое нелегално градење ќе стане кривично дело, а не само прекршок со парична казна, како што беше досега.

Во моментов, кривична одговорност постои само за дивоградби подигнати во заштитени природни подрачја, со казна затвор од шест месеци до две години. Но, со новите измени на Кривичниот законик, секоја дивоградба ќе биде казнива со кривична постапка. Министерствата за правда и за просторно планирање потврдија дека ова е договорено во рамки на усогласувањето со европските директиви за заштита на животната средина.

Планирано е да се формираат и специјални оддели за кривични дела против животната средина, а казните ќе бидат драстично построги, вклучувајќи и затворски. Дополнително, сите кои ќе градат нелегално – физички лица или компании – нема да можат да учествуваат на јавни тендери, ниту да бидат носители на јавни функции.

ИНТЕРЕСНО:  (Видео) Паника на небото: „Боинг“ со 273 патници принудно слета откако му се запали моторот

Во меѓувреме, се менува и Законот за градење, со цел да се поедностави и дигитализира процесот на издавање дозволи. Сепак, службениците задолжително ќе мораат да излезат на лице место пред да дадат одобрение. За оние што ќе почнат да градат без дозвола, казните ќе изнесуваат 4.000 евра за помали објекти, 15.000 евра за станбени згради, а за поголеми комплекси – еден процент од вредноста на работите.

Очекувањата се новите измени да бидат усвоени до крајот на оваа година, а Кривичниот законик да стапи на сила во 2026 година.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО