Нови детали за пукањето во Јута – уапсените не биле поврзани со нападот врз Керк

Случајот со убиството на конзервативниот активист Чарли Керк добива нов пресврт. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, соопшти дека лицето кое првично било уапсено под сомнение дека е вмешано во пукањето врз Керк е ослободено по полициското испрашување. „Нашата истрага е во тек и ќе продолжиме да објавуваме информации во интерес на транспарентност,“ изјави Пател преку објава на платформата „X“.

Во исто време, Одделот за јавна безбедност на Јута информираше дека двете лица уапсени во случајот се ослободени, бидејќи не биле директно поврзани со пукањето. Едно од нив е обвинето за попречување на работата на универзитетската полиција, но властите не појаснија зошто тие лица првично биле сметани за осомничени во убиството на блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп.

ИНТЕРЕСНО:  ЕКСКЛУЗИВНО: Што дискутирале САД и Русија во Алјаска

„Истрагата и потрагата по стрелецот се во тек,“ се наведува во официјалното соопштение на Одделот за јавна безбедност.

Кирк, познат како коосновач на студентската организација Turning Point USA и една од најгласните конзервативни фигури во САД, беше застрелан додека држеше говор пред студенти на Универзитетот Јута Вали. Тој им подлегна на повредите и почина синоќа, што предизвика шок и осуда низ целата американска јавност.

Во чест на Керк, претседателот Трамп нареди американските знамиња да бидат спуштени на половина копје и вети дека ќе го пронајде „секоја личност“ која е вмешана во убиството.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО