Обвинување: Заев, Шеќеринска и Ковачевски кроеле план за гаснење на ВМРО-ДПМНЕ?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, излезе со сериозни обвинувања дека поранешното раководство на СДСМ подготвувало „мастер план во три чекори“ за целосно укинување на политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреба на безбедносните служби.

Во интервјуто во емисијата „Заспиј ако можеш“, Николоски потсети дека уште во 2019 година јавно ги изнел првите информации за овој план во ТВ дуел со Радмила Шеќеринска.

„Целта беше јасна – да се забрани политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави тој, објаснувајќи ги трите клучни чекори:

  1. Притвор на пратеници – според него, првиот потег бил да се уапсат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се обезбеди промена на уставното име. „Тоа и се случи“, истакна Николоски.

  2. Ставање на партијата на обвинителна клупа – вториот чекор бил ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со обвиненија за „терористичко дејствување“ и „нелегално финансирање“. „Во делот на финансирањето делумно успеаја – партијата и денес е со замрзнат имот и сè уште се водат постапки“, рече тој.

  3. Целосна забрана на политичко делување – третиот дел од планот предвидувал забрана за учество на избори и политичка активност, дури и за целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

ИНТЕРЕСНО:  Левица обвинува: Уште една дивоградба на инвеститорот од Лагадин – институциите 10 години молчат!

Николоски директно обвини дека овој план бил кроен од тогашниот премиер Зоран Заев и министерката Радмила Шеќеринска, но дека „ниту Димитар Ковачевски не може да биде амнестиран“.

Посебен дел од неговата изјава се однесуваше на злоупотребата на Агенцијата за безбедност, која, како што тврди, „на дневна основа фабрикувала лажни извештаи за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ било анти-западно и анти-НАТО“.

„Првпат јавно ќе кажам дека за мене биле составувани белешки дека сум под иранско-турско-унгарско влијание. Во исто време бев потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, шеф на мониторинг мисија и избран меѓу 40 највлијателни личности под 40 години во Европа“, откри Николоски.

Тој нагласи дека на удар биле и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, како и функционерите Драган Ковачки, Антонио Милошоски и Владо Мисајловски.

„Ова е праведна битка – битка на демократско ВМРО-ДПМНЕ против антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија. Тоа нема да го дозволиме“, порача Николоски.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО