Српската министерка: „Македонците и Србите се исто дрво, ист корен!“ – Дипломатите алармираат за провокација

Одбележувањето на 109-годишнината од Битката кај Кајмакчалан предизвика нови контроверзии поради слоганот „Знамето на единството“ и пораките испратени од српската делегација. Настанот, на кој присуствуваа српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и министерката за труд Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, вклучуваше и положување венци во Спомен-капелата и костурницата на врвот на Ниџе.

Стаменковски од говорницата порача дека знамето на српското единство мора да се вее насекаде каде што живее српскиот народ и додаде дека Србите и Македонците се „исто дрво, ист корен и имаат заедничка иднина“. Оваа порака, иако на прв поглед звучеше како повик за братство, беше протолкувана и како провокација што директно го допира македонскиот идентитет.

Поранешниот амбасадор и дипломат Благој Зашов остро предупреди дека ваквите слогани и изјави наликуваат на пораките од времето на Милошевиќ и на периодот по време на српската окупација во Македонија. Тој нагласи дека Србија не треба да бара вакви симболични форми на влијание во Македонија, бидејќи Македонците добро ги паметат спомените и од српската окупација и не можат тие историски искуства да се игнорираат.

ИНТЕРЕСНО:  Ахмети: Албанците не сакаат да ја делат Македонија – ставот е јасен!

Зашов смета дека македонското МНР мора да реагира – не со протестни ноти, туку со јасно ставање до знаење дека вакви манифестации не смеат да се користат за современи политички пораки.

Дипломатот потсети дека Македонија е место каде се изградени споменици и гробишта за многу странски војници кои загинале во Првата светска војна. Традиционално, секоја година делегации од Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија оддаваат почит, но таму говорите секогаш се посветени на жртвите и на мирот, а не на националистички пораки.

„Нашата земја не е против одбележувањата. Напротив, присутни сме и ние, но мора да се внимава пораките да бидат за мир, а не за војна и поделби“, заклучи Зашов.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО