„Македониумот“ тоне во вода – споменикот-симбол на Крушево пред колапс!

„Македониумот“ во Крушево – споменикот-симбол на македонската борба за слобода и државност – денес тоне во вода и пропаѓа пред очите на институциите. При секој посилен дожд, подот на монументалниот објект се претвора во мини-базен. Витражите се оштетени, подот е распукан, а металните рамки на прозорците кородираат. Водата дури стигнува и до гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република, што претставува не само технички, туку и симболичен скандал.

Овој споменик, еден од најпознатите во Македонија и препознатлив белег на Крушево, наместо да биде гордост и туристичка атракција, денес скапува и пропаѓа. Состојбата е алармантна и со години се повторува, но конкретна реакција нема.

ИНТЕРЕСНО:  Шокантни детали: Тајните прислушувања на власта откриени од АНБ!

Од Завод и музеј Прилеп, институцијата задолжена за објектот, признаваат дека нема средства за санација, а уште потрагично е што, како што велат, нема ниту доволно кадри кои би знаеле како да го реставрираат ваквиот објект. Единствено што се најавува е дека дури во 2026 година ќе биде уреден партерот пред споменикот – што значи дека самиот објект и натаму ќе остане незаштитен и препуштен на заборав.

Во меѓувреме, Македонците гледаат како споменикот кој требаше да биде сведоштво за историја и непокор – се претвора во пример за институционална негрижа и заборав.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО