Елита во Радожда – браќата Миса инвестираат во модерно туристичко село

По повеќе од две децении запуштеност, некогашната туристичка атракција Авто камп „Треска“ во Радожда на Охридското Езеро ќе добие нов живот. Зад проектот стојат браќата Антон и Васил Миса од Струга, познати бизнисмени и сопственици на ланецот маркети „Миса“, кои заедно со охридскиот инвеститор Горан Трпески ја презедоа фирмата „ЗКВ Консалтинг“ и ја преименуваа во „Камп Треска ДОО“. Со тоа, како што се верува, конечно се расчистени долгогодишните имотно-правни спорови околу просторот.

„Сме во фаза на превземање и планирање на просторот. Сакавме кампот да биде модерен, со придружни објекти, ресторан и можеби хотел, како што е предвидено во Генералниот урбанистички план. Кога ќе имаме поконкретни информации, јавноста ќе биде известена,“ изјави Антон Миса.

Денес, на крајот од селото Радожда, каде што се наоѓа кампот, може да се видат само руинирани бунгалови и приколки, додека просторот неретко е преплавен со диви кампери од странство. Но, истовремено веќе има знаци на први инвестициски активности.

Авто кампот „Треска“ бил доизграден во 1976 година и функционирал речиси две децении, сè до 1997 година, кога отишол во стечај. На врвот на својата слава кампот имал 300 камп приколки, 20 бунгалови и апартмани, хотелски соби, ресторан, бифе, рецепција, спортски терени и сопствена станица за одлив на фекалии. На површина од над 60.000 квадратни метри, тоа било вистинско туристичко село, кое привлекувало гости од цела Македонија и регионот.

ИНТЕРЕСНО:  Венко Филипче за можноста за коалиција со ДУИ

Но, со текот на годините кампот стана симбол на пропаднатата транзиција. Локалната самоуправа и државните институции со години си ја префрлаа надлежноста за одржувањето и нерасчистените имотно-правни спорови. Последниот обид за решавање беше во 2019 година, кога стечајниот управник закажа продажба на имотот, но постапката беше стопирана од Основниот суд Скопје 2.

Сега, со новите сопственици, „Треска“ добива шанса да се врати на туристичката мапа. Дали ќе стане повторно елитна дестинација, останува да покаже времето – но надежите кај јавноста и локалното население се големи.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО