Децата и старите под урнатини: Итна помош веднаш потребна

Најмалку 800 луѓе загинале во четири провинции во Авганистан по земјотрес со јачина од 6,0 степени, соопштува Би-Би-Си, повикувајќи се на извештај на Хуманитарната агенција на Обединетите нации.

Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарни прашања наведува дека најмалку 2.000 лица се повредени, многумина во оддалечени и планински области кои се практично отсечени од пристапот до спасувачките екипи. Вкупно, околу 12.000 луѓе се директно погодени од земјотресот, вклучително и од оштетени згради и инфраструктура.

Спасувачки тимови се распоредени низ повеќе локации во источниот дел на земјата, а хеликоптери се користат за евакуација на повредените.

Жител од округот Нургал во Кунар, една од најтешко погодените области, за Асошиејтед Прес изјавил дека речиси целото село е урнато.

„Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините. Ни треба помош веднаш. Нема никој кој може да ги извлече мртвите тела од под урнатините.“

Дописникот Саид Абдула Низами за Би-Би-Си пишува дека првите информации ги добил преку Фејсбук, од каде што луѓето објавувале молитви и апели за помош. Во болницата во Асадабад веќе пристигнале десетици повредени, најмногу студенти кои паднале од згради, а еден од нив починал.

ИНТЕРЕСНО:  Венс со жестоки обвинувања: „Бајден, Обама и Буш го криеле случајот Епстин – Трамп бара целосна вистина!“

Спасувачот Сајед Рахим верува дека бројот на загинати е многу поголем од официјално пријавените 800, бидејќи тоа е само првична проценка.

Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а ООН ги мобилизира своите екипи на терен за спасување животи. Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО