Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, се огласи на Фејсбук по информациите од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за прислушувањето на новинари и актуелниот премиер Христијан Мицкоски во периодот 2019‑2024 година.
Николоски потсетува дека додека биле во опозиција, тие имале сомнежи дека тајните служби биле злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, како и од претседателот Стево Пендаровски. Според него, АНБ и другите разузнавачки тела подготвувале лажни извештаи за дискредитација пред западните партнери и сојузници, а истовремено прислушувале и следеле личности од јавниот и политичкиот живот.
Тој нагласува дека овие обиди за политичка дискредитација не успеале, а промените се случиле со минатогодишните избори, отворајќи пат кон расчистување во тајните служби и одговорност за сите кои ги злоупотребувале.
Во заклучок, Николоски го повикува Обвинителството да истражи овие случаи и да ги процесуира одговорните лица, нагласувајќи дека „доста е од злоупотреби на тајните служби“.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).