Катастрофа во Авганистан: Земјотрес од 6,0 степени зема над 250 животи

Доцна синоќа, источен Авганистан беше погоден од земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтер, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија.

Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот се случил во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри.

Официјален претставник на Министерството за информации информира дека жртви и повредени се регистрирани во областите Нур Гал, Савки, Ватпур, Маноги и Чапа Дара во провинцијата Кунар. Тој додаде дека конечните бројки сè уште не се познати бидејќи властите се обидуваат да воспостават комуникација со жителите во оддалечените места, а спасувачките тимови се веќе упатени кон погодените региони.

Поради свлечишта кои ги блокираат патиштата, авганистанската привремена администрација мобилизираше хеликоптери за спасување и транспорт на повредените. Локалните жители го опишаа земјотресот како еден од најсилните што го погодиле регионот.

ИНТЕРЕСНО:  Цунами бранови го погодија брегот на Јапонија по силен земјотрес кај Камчатка – аларм низ целиот Пацифик

Портпаролот на привремената администрација, Забихула Муџахид, потврди дека земјотресот предизвикал жртви:

„За жал, вечерва земјотресот предизвика загуби на животи и материјална штета во некои од нашите источни провинции.“

Тој додаде:

„Локалните власти и жителите се ангажирани во спасувачките операции, а тимови за поддршка од централните и околните провинции се упатуваат кон погодените области. Сите расположиви ресурси ќе бидат искористени за спасување на животи.“

USGS истакнува дека по главниот земјотрес, истата област била погодена од уште два потреса со јачина од 5,2 степени, што дополнително ја отежнува ситуацијата и напорите на спасувачките екипи.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО