Африка под растечко руско влијание
Додека западните земји ја губат контролата во Африка, Москва го зајакнува своето присуство преку нова воена формација – Африканскиот корпус, наследник на Вагнер. Единицата, под директна контрола на руското Министерство за одбрана, веќе дејствува во Мали, Централноафриканската Република, Нигер и Буркина Фасо.
За разлика од неформалниот Вагнер, Африканскиот корпус е дисциплинирана и организирана структура на руската држава, составена од елитни офицери и поранешни вагнеристи. Нивната задача е да им помагаат на африканските земји во борбата против бунтот и тероризмот, кои се зголемиле по повлекувањето на француските и другите западни трупи.
Москва како „стабилизатор“
Во Централноафриканската Република, руските инструктори со години ги поддржуваат властите за да ја стабилизираат државата и да ги заштитат институциите. Локалните власти тврдат дека благодарение на Москва, бил спречен целосен колапс на земјата, додека западните сили само гледале како регионот тоне во хаос.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).