Денко Малески со жестока колумна: „Израел спроведува политика на геноцид – Македонија мора да ја признае Палестина!“

„Бебиња умираат пред очите на светот“

Во својата најнова колумна, поранешниот дипломат и професор Денко Малески остро ја осуди израелската политика во Газа. Тој посочи дека „бебиња и деца венеат и умираат пред нашите очи на ТВ екраните“, а изјавата на висок израелски функционер – дека тие и онака би израснале во борци на Хамас – ја спореди со реторика на „висок нацистички функционер од времето на холокаустот“.

Критика до македонските власти

Малески ја повика Македонија итно да ја признае државата Палестина на септемвриското заседание на Генералното собрание на ОН, заедно со европските сили кои веќе најавија таков потег. Според него, македонската власт досега покажала слабост и неодлучност, особено кога одбила да поддржи план за хуманитарна помош во храна за Палестинците „само за да им удоволи на Нетанјаху и администрацијата на Доналд Трамп“.

„Срамна одлука“

Тој оценува дека одлуката да се ускрати храна за палестинскиот народ е „срамна, посрамна да не може да биде“, а јавноста реагирала со молк наместо со емпатија.

ИНТЕРЕСНО:  Пеколна недела пред нас: Температурите до 39°C

Светот ја признава Палестина

Од вкупно 193 држави членки на ОН, 147 веќе ја признале државата Палестина, а бројката се очекува да расте. Малески потсетува дека на крајот ќе останат само Израел и САД спротивставени на „светското јавно мислење“, кое бара решение преку две држави – израелска и палестинска.

„Невозможна мисија“

Според него, идејата за „Голем Израел“ врз палестинско малцинство можеби би успеала, но во реалноста, кога околу 7 милиони Евреи сакаат да потчинат и обесправат околу 7 милиони Арапи, тоа е „невозможна мисија“. Единственото сценарио за такво решение е „политика на геноцид – систематско убивање на Палестинците“.

„Никогаш повеќе“

Малески порача дека Македонија мора гласно да се спротивстави на свирепоста, прогонот и убивањата што ги врши народ кој самиот бил жртва на прогони и логори.
Колку што знаеме, слоганот кој не обедини во солидарност со Евреите по Втората светска војна беше – Никогаш повеќе („Never Again“).


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО