Кралицата на попот на 67 години
Мадона, некогаш симбол на енергија и младешки дух, ги изненади обожавателите со својата појава во Фиренца. Поп-дивата, која дојде да го прослави својот 67-ми роденден, беше забележана како едвај оди, држејќи се за своето 38 години помладо момче, фудбалерот Акем Морис.
Стилизирана, но згрбавена
Облечена во долг лежерен фустан, сина наметка, бела шапка и огромни очила за сонце, таа одеше во згрбавена положба, цело време држејќи се за Морис, со кого е во врска три години.
Реакции на социјалните мрежи
Видеото предизвика лавина коментари:
„Внукот ја шета баба за рака!“,
„Помислив дека ја видов кралицата Елизабета!“,
„Изгледа како да има 87, а не 67 години!“
Обожавателите беа шокирани од тоа колку Мадона изгледа постара од своите години.
Роденден во Италија
Ова е втора година по ред таа да го слави роденденот во Италија. Минатата година беше во Помпеја, а сега се одлучи за луксузната палата Панокиески д’Елчи во Фиренца, која гледа кон познатата Пјаца дел Кампо.
View this post on Instagram
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).