1. Дигестивни проблеми
Жешкото време може да го зголеми нивото на хормонот кортизол, што влијае врз дигестивниот систем. Затоа во лето често се јавуваат подуеност, дијареја и почести одења во тоалет. Решение: повеќе вода, овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.
2. Намалени електролити
Со потењето не губиме само вода, туку и електролити – минерали важни за нормално функционирање на телото. Нивниот недостаток предизвикува замор, грчеви и вртоглавица. Решение: внесувајте храна богата со натриум, калиум, калциум и магнезиум или земајте електролити од аптека.
3. Проблеми со акни и кожата
Во лето, честото потење и маснотиите на кожата ги затнуваат порите, па акните и мозолчињата стануваат почести. Решение: користете полесни креми, избегнувајте тешка шминка и не претерувајте со миење на лицето.
4. Сува кожа
Иако некои страдаат од акни, други се соочуваат со премногу сува кожа поради сонце и клима-уреди. Решение: редовна хидратација, туширање со млака вода и крем со висок заштитен фактор.
5. Исип и црвенило
Високите температури можат да предизвикаат исип, црвенило и чешање. Решение: носете поширока облека, избегнувајте активности на најсилно сонце и разладете се со студен туш или вентилатор.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).