ХАОС ВО БЕЛГРАД: Уапсени 16 студенти – Вучиќ свика итен состанок за безбедност!

Протестите на студентите во Србија, кои траат неколку дена под мотото „Каде застанавме?“, ескалираа синоќа во Белград, кога беше регистриран најсериозниот судир со полицијата досега. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во главниот град се уапсени 16 студенти, откако демонстрантите нападнале простории на Општинскиот одбор на Српската напредна партија (СНС) во Палилула.

Според информациите, студентите фрлале камења кон полицијата, скршиле прозорци на седиштето на СНС и запалиле контејнери. Очевидци пријавиле и топовски удари, а полицијата одговорила со неколку шок бомби и со возила тргнала кон демонстрантите, кои биле потиснати кон Правниот факултет. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, оцени дека на улиците имало околу 2.300 – 2.400 „блокатори“ и ги обвини за агресивно однесување и обид за насилно уривање на просториите на СНС.

Самиот претседател Александар Вучиќ изјави дека овие настани покажуваат оти „блокаторите немаат план, идеја, ниту програма“.

Протестите, сепак, не се ограничени само на Белград. Во Пожаревац, по повик на студентите, се собраа голем број граѓани, пред просториите на СНС. Од другата страна стоеја поддржувачи на владејачката партија, што создаде напната атмосфера. Протестот таму траеше повеќе од четири часа и, според радио Boom93, минал без посериозни инциденти, со скандирања, свирежи и музика.

ИНТЕРЕСНО:  Силен земјотрес го погоди југот на Грција

Учесниците пуштаа симболични песни како „Да се живее слободно“ од Ѓорѓе Балашевиќ, „Паѓа владата“ од Бајага, како и студентската химна „Freed from desire“ од Гала, која веќе стана неофицијален симбол на протестите.

Радиото објави на Instagram дека неколку вечери по ред, граѓаните се собираат за да го изразат своето незадоволство од, како што велат, полициската бруталност.

Поддржувачите на СНС, пак, се распоредиле на улицата Синѓелиќ и на коловозот, носејќи српски знамиња, што дополнително ја зголемило тензијата меѓу двете страни.

Епилогот од бурната ноќ во Белград е 16 уапсени студенти, а претседателот Вучиќ најави итна седница на Советот за безбедност, на која ќе се разгледаат случувањата и можните понатамошни мерки.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО