Халк Хоган: Човекот што го претвори кечот во светски спектакл

Халк Хоган не беше само кечер – тој беше симбол на цела ера, икона чие име стана синоним за професионалната борба, но и културен феномен што ги надмина границите на спортот.

Познат по својата платинеста коса, впечатлива мускулатура и ненадмината харизма, Хоган беше лице на еден цел универзум – од рингот на WWE до филмското платно и детските анимации. Иако неговата кариера е добро документирана, неколку помалку познати детали откриваат уште подлабоко колку шаренолик беше човекот зад ликот – Тери Болеа, кој почина на 71-годишна возраст.

Музичар пред кечер

Хоган прво сонува да биде рок ѕвезда, свирејќи бас гитара во неколку бендови низ Флорида. Љубовта кон хард рокот ја задржал и подоцна, често велејќи дека музиката му е „втора арена“.

Откриен додека свирел во бар

Судбината интервенира додека свири во ноќен клуб – братјата Бриско, професионални кечери, го забележуваат и го насочуваат кон тренерот Хиро Мацуда, кој го воведува во светот на кечот.

Почеток под друго име

Првично настапувал како Sterling Golden, а потоа и како The Super Destroyer. Името Халк го добива откако се појавува покрај актерот Лу Фериньо („The Incredible Hulk“) и изгледа – поголем од него.

ИНТЕРЕСНО:  ВАР системот стартува во македонскиот фудбал

Црн појас по карате

Иако ретко спомнувано, Хоган поседува црн појас по карате, што придонело за неговата координација и сценско присуство на рингот.

Ѕвезда на филмското платно

Настапува во повеќе од 15 филмови, меѓу кои Suburban Commando и Mr. Nanny. Иако критичарите често биле скептични, публиката никогаш не заборавала кога Хоган се појавува на екранот.

Анимирана икона

Во 80-тите има свој анимиран серијал – Hulk Hogan’s Rock ‘n’ Wrestling, насочен кон млада публика, каде се појавуваат и други легенди од кеч-сцената.

Одбил улога во „Роки III“… па ја прифатил

Прво бил скептичен, но потоа ја прифаќа улогата на „Thunderlips“ во легендарната сцена со Силвестер Сталоне, која останува врежана во историјата на франшизата.

Трговска марка и правна битка

Името Hulk Hogan е заштитена трговска марка, а Болеа подоцна води судски процеси за контрола врз својот лик.

Живот по болка

Хоган има издржано повеќе од 10 големи операции – на грб, колена и колкови. Во подоцнежните години зборуваше отворено за болката и цената на славата, со која се соочувал секојдневно.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО