„Хаос во Финска – пратеник си го одзеде животот во Парламентот пред сведоци

Во финската јавност денес одекна шокантна вест – пратеник извршил самоубиство во самата зграда на Парламентот во Хелсинки. Инцидентот се случил утрово околу 11 часот, а полицијата и службите за итни интервенции веднаш пристигнале на местото.

Финските медиуми пренесуваат дека се работи за член на парламентот, чие име засега не се открива од почит кон семејството и затоа што, според процедурите, прво мораат да бидат контактирани најблиските роднини. Некои медиуми тврдат дека веќе го знаат идентитетот, но се воздржуваат од објавување.

Сведоци изјавиле дека пред парламентот било забележано амбулантно возило со вклучени сирени, а потоа пристигнало и големо противпожарно возило, полициски автомобили и дури оклопен полициски Мерцедес. Болничари исто така биле присутни во обид да помогнат, но за жал, според официјалните информации, на лице место е констатирана смрт.

ИНТЕРЕСНО:  Скандал во Полска: Пари од ЕУ за спас на туризмот завршија во јахти, луксузни автомобили и свингерски клуб

Директорот на полицијата, Аро Тоивонен, изјави за медиумите дека во моментов не може да потврди детали ниту за самото самоубиство ниту за идентитетот на лицето, освен дека истрагата е во тек и дека нема индикации за вмешаност на друго лице. „Парламентот е специфично место и во вакви ситуации постојат протоколи кои мора да се следат. Сè уште е рано да се коментира“, рече Тоивонен.

Случајот предизвикува силни реакции во финската јавност, бидејќи станува збор за настан без преседан во новата историја на финскиот парламент. Медиумите најавуваат дека во текот на денот ќе следуваат повеќе информации откако семејството ќе биде официјално известено, а институциите ќе можат да излезат со дополнителни детали.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО