Конечно старт по бројни одложувања
По повеќекратни одложувања уште од 2022 година, Европската Унија на 12 октомври годинава конечно го лансира новиот дигитален систем за контрола на границите – Entry/Exit System (EES). Воведувањето ќе трае шест месеци, до април 2026, за да се избегнат преоптоварувања на системот и хаос на граничните премини.
Како ќе функционира?
-
Секој патник што не е од ЕУ и влегува во шенген-зоната ќе мора:
-
да пополни електронски формулар,
-
да плати такса од 20 евра (трипати повеќе од првично најавените 7),
-
да даде биометриски податоци (отпечатоци и фотографија).
-
-
По првата регистрација, следните патувања во рок од 3 години ќе се потврдуваат само со биометриски скен.
-
Во првите два месеци дел од земјите ќе користат системот без биометриски функции, а целосна примена се очекува по шест месеци.
Кој е ослободен од плаќање?
-
Лица под 18 и над 70 години.
-
Членови на семејства на граѓани на ЕУ или на државјани со право на слободно движење.
Зошто се воведува ЕЕС?
Главната цел е поголема безбедност и модернизација на граничната контрола. Системот ќе овозможи:
-
следење на дозволениот престој (90 дена во период од 180),
-
брзо препознавање на лица што го пречекориле престојот,
-
намалување на измамите со идентитет,
-
спречување на нелегалната миграција.
Ризик од хаос на аеродромите
Иако Брисел уверува дека новиот систем ќе го забрза преминувањето, туристичките здруженија предупредуваат на можен метеж во првите месеци – особено октомври, ноември и декември, кога патниците за прв пат ќе мораат да се регистрираат.
Кој сè е дел од ЕЕС?
Сите земји од шенген-зоната: Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Холандија, Белгија, Данска, Грција, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Португалија, Литванија, Латвија, Естонија, Хрватска, Романија, Бугарија, Луксембург, Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн и Малта.
Ирска и Кипар не се дел од системот и таму ќе продолжи старото печатирање на пасошите.
Што следува после ЕЕС?
Во 2026 ќе стартува уште еден систем – ЕТИАС (European Travel Information and Authorization System), сличен на американскиот ESTA, со кој секое патување ќе биде евидентирано однапред.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).