Драма во Непал: Премиерот бега со јаже додека градот гори!

Во Непал се случија сцени како од акционен филм. Поранешниот премиер К. П. Шарма Оли бил принуден да избега од земјата со помош на армиски хеликоптер, откако гневни тинејџери излегоа на улиците и предизвикаа хаос. Индиските медиуми „Републикворлд“ и „Бизнис Стандард“ објавија дека на 9 септември, само неколку часа по поднесувањето на оставката, Оли бил снимен како со огромна мака се качува по јаже закачено на воено летало кое го извлекувало од центарот на Катманду.

Во позадина на драматичните снимки, кои експресно се проширија на платформите „Икс“ и „Јутјуб“, се гледа чад од запалени автомобили и судири на демонстранти со полицијата. Масовните протести, предводени од генерацијата „Z“, не се насочени само против поранешниот премиер – според локалните медиуми, нападнати биле и други владини претставници, меѓу кои и министерот за финансии Пракаш Паудел. И тие биле евакуирани со воени летала, откако разгневената младина се обидела физички да им се пресмета на улиците.

ИНТЕРЕСНО:  Путин и Ким со заеднички фронт: Северна Кореја испратила 10.000 војници и оружје за Русија

Сцените на бегството на Оли со јаже прикачено на хеликоптер предизвикаа лавина реакции и коментари. За едни, тоа е симбол на падот на старите политички елити, за други – срам за државата која се соочува со најголемата младинска бунтовна енергија во својата понова историја.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО