До 2040 милиони луѓе ќе бидат без работа поради вештачката интелигенција

Мрачна прогноза од Мо Гавдат – новата технолошка револуција ќе удри по средната класа

Поранешниот директор на Google X, Мо Гавдат, алармира дека човештвото се движи кон деценија на масовни отпуштања, длабока економска нееднаквост и социјален хаос, предизвикани од експанзијата на вештачката интелигенција (AI). За разлика од претходните индустриски револуции, кои најмногу ги погодија физичките работници, овој пат најмногу ќе настрада образованиот кадар – токму срцето на средната класа.

„Златна ера“ или пекол пред рајот?

Додека технолошките гиганти ветуваат ново „златно време“ со AI – во кое болестите ќе бидат искоренети, а луѓето ќе живеат полесно од кога било – Гавдат тврди дека вистината е далеку поцрна. Во подкаст-интервју со британскиот претприемач Стивен Бартлет, тој рече:

„Наредните 15 години ќе бидат пекол. Ќе преживеат само најдобрите во својата професија. Останатите ќе ги замени машината.“

Компании со тројца вработени – некогаш беа 300

Како пример го наведе сопствениот стартап Emma.love, платформа која развива AI за емоции и односи, кој денес го водат само тројца вработени – бројка која, според него, порано би изнесувала барем 350 програмери.

„Дури и водителите на подкасти ќе станат непотребни“, изјави тој.

На удар – вработените со факултет и стабилна кариера

Гавдат тврди дека најтешко ќе биде погодена токму средната класа – вработените со стабилни канцелариски работни места, аналитичари, административци, ИТ стручњаци… сè што не бара физички труд, но бара логика, знаење и рутина – сега може да биде заменето со алгоритам.

ИНТЕРЕСНО:  Трамп го именува својот можен наследник: Џеј Ди Венс е фаворит за МАГА движењето во 2028

Ако не се воведе контрола – богатството ќе заврши во рацете на неколкумина

Гавдат не ја обвинува самата технологија, туку алчноста на корпоративните лидери:

„Технологијата нема етика. Луѓето што ја контролираат се тие што ја користат за профит, без да размислат за последиците.“

Тој повика на итна регулација – доколку државите не преземат контрола врз распределбата на користа од AI, новата економија ќе создаде јаз меѓу малкумина екстремно богати и милиони борци за опстанок.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО