Вечерва во Алјаска ќе се одржи средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Трамп веќе пристигна, придружуван од своите најблиски советници, додека малку подоцна на пистата слета и рускиот владин авион со Путин. Овој состанок се оценува како еден од најзначајните обиди за постигнување договор кој би можел да стави крај на војната во Украина. Настанот ќе биде пренесуван во живо, а очите на целата меѓународна јавност се вперени кон Алјаска.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).