Шарените карпи и густите шуми на Јабланица кријат приказна за три сестри-самовили, кои според преданието, живееле меѓу планините.
Ноќе излегувале да пеат, да танцуваат и да помагаат на избрани луѓе – особено на оние со чисто срце.
Секој што ќе ги види, морал да молчи 7 години или ќе полуди. Се зборува дека во последните децении, неколку планинари виделе три женски силуети со долги коси, кои исчезнале во магла.
А еден локален овчар, кој ги наишол случајно, наводно изгубил говор за цели седум години. Случајот е документран и во локални хроники.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).