Двајца риболовци од Кочани вчера направија сензација на вештачкото езеро „Градче“ – извлекоа вистински риболовен џин: „толстолобик“ долг 130 сантиметри и тежок над 50 килограми! Ова е сребрен крап (Hypophthalmichthys molitrix), познат и како „white carp“, риба која расте брзо, се храни со фитопланктон и помага во прочистување на езерската вода.
Ретко се гледа толкав примерок во регионот, па уловот предизвика вистинска сензација меѓу љубителите на спортскиот риболов. Двајцата рибари открија дека борбата со рибата траела речиси еден час, но на крај – вредеше!
Езерото „Градче“, лоцирано само десетина километри од Кочани, уште еднаш ја потврди својата репутација како топ-локација за вистински риболовни предизвици.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).